Анализата на степенот на користење и цитирање на судската пракса од страна на националните судови го претставува и анализира нивото на кое судовите ја користат судската пракса.

Во изминатиот период е нотирано дека Врховниот суд на РСМ и повисоките судови започнаа со редовна и доследна примена на судската пракса особено на Еврпскиот суд за човекови права но генерално преовладува заклучокот дека 

судовите сè уште се доста воздржани во однос на користењето и цитирањето на судската пракса на ЕСЧП во своите пресуди. 

Крајната цел на оваа анализа е да се усвојат заклучоци за степенот и начинот на користење и цитирање на судската пракса на ЕСЧП, како и да се дадат препораки во насока на зголемување на степенот на користење и воедначување на начинот на цитирање на праксата на ЕСЧП, што во крајна линија ќе влијае на зголемување на степенот на правна сигурност на граѓаните на РСМ.

Анализата е подготвена во рамки на програмата „Подобрување на транспарентноста, ефикасноста и правната сигурност во Република Северна Македонија“, поддржана од Британската амбасада Скопје и е достапна на следниот линк:

Степен на користење и цитирање на судската пракса од националните судови.pdf