Центарот за правни истражувања и анализи Ве поканува да доставите понуда за обработка на податоци од онлајн и теренско истражување.

Истражувањето е дел од Второто официјално мерење на перформансите на правосудството на национално ниво кое ќе биде спроведено преку алатката - Матрица за следење на перформансите на правосудството во Република Северна Македонија. Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) го спроведува процесот во соработка со Министерството за правда на Република Македонија и Судскиот Совет на Република Македонија како дел од проектот „Вградување на аналитички и мониторинг алатки за поддршка на реформите во правосудството во Северна Македонија“, финансирана од Британската амбасада Скопје.

Ве замолуваме да ги земете предвид спецификациите дадени подолу за доставување на финансиските и техничките делови од понудата. 

За повеќе информации околу истражувањето ве молиме разгледајте го Прилог 1. Технички спецификации за истражувањето.

Спецификации на барање за понуда.pdf