Центарот за правни истражувања и анализи, во соработка со Судскиот Совет на РСМ и Министерството за правда на РСМ, започнува со Второто национално мерење на перформансите на правосудството

Преку доставување на прашалник (Матрица) до сите судии, јавни обвинители, судски службеници, адвокати, извршители, нотари, новинари, и други релевантни целни групи, целта на оваа активност е преку систематски, сеопфатен и инклузивен процес да се измерат резултатите од спроведените иницијативи и реформи во правосудниот сектор наспроти целите утврдени во стратешките документи на РСМ, европските стандарди и практики.

Примената на оваа алатка ќе овозможува проценка на перформансите во пет клучни области: Ефикасност, Транспарентност и отчетност, Квалитет на судската правда, Независност и непристрасност, и Професионален развој и соодветна застапеност.

Матрицата за мерење на перформансите и реформите во правосудството е заснована на меѓународно признати стандарди за правосудството, како и на приоритетите на земјата во областа на правосудството утврдени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година. Алатката е изработена од Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Министерството за правда и Судскиот совет на Република Македонија, и истата е резултат на повеќегодишните програмски активности поддржани од Британската амбасада во Скопје.

За повеќе информации околу проектот и активноста може да пристапите на овој линк