Целите на Центарот за правни истражувања и анализи:

- Да придонесува кон подобрување на правниот систем засновано на принципот на суштинска еднаквост и да осигура дека уставно загарантираните принципи, права и обрврски се почитувани, промовирани, заштитени и исполнувани.

- Да функционира како независна, непрофитна правна клиника со грижа за корисниците која го користи правото како инструмент на правдата и обезбедува услуги за сите граѓани, вклучувајќи ги и маргинализираните и дискриминирани групи и поединци.

- Да работи кон исполнување на стандардите на ЕУ и меѓународните стандарди во македонското општество и неговиот правен систем, и да гради почит кон владеењето на правото и уставната демократија.

- Да им овозможи на ранливите и маргинализираните да ги уживаат и развиваат нивните права да помовира родова и социјална еднаквост и да се спротивставува на секаква форма на неправедна дискриминација; како и да придонесе кон развој на човековите права и кон социјалниот и економскиот прогрес на општеството како целина.

ЦПИА ќе изнаоѓа креативни и ефективни решенија во процесот на правната реформа преку користење на разни стратегии, подобрување на законодавството, учество во процесот на правните реформи и умрежување со организации од ЕУ и на меѓународно ниво.


Клучните задачи на ЦПИА

1. Да се прошири знаењето, разбирањето и свеста на граѓаните за актуелните правни реформи и правната пракса (процеси);

2. Да се промовира принципот за пристап до правдата за сите, независно од социјалните, етничките, религиозните, родовите и политичките разлики;

3. Да се градат капацитетите на професионалните правници со цел во својата работа да се насочат кон задоволувањето на потребите на граѓаните на начин кој ќе биде транспарентен и одговорен; и

4. Да се обезбедат услуги со цел информирање на граѓаните како тие би донеле одговорни одлуки и би превземале одговорни активности.