Лидија Стојкова-Зафировска – претседател на Извршниот одбор,

Дипломиран правник, еден од иницијаторите и основачите на Центарот во 2012 година. Има долгогодишно искуство во креирање и спроведување на проекти поврзани со владеење на правото и развој на демократијата. Таа беше еден од основачите на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во 2003 година и беше претседател на организацијата до крајот на 2008 година, со два мандата. Лидија работела и водела неколку проекти како национален и меѓународен експерт, вклучувајќи го и проектот финансиран од ЕУ посветен на формирањето на Академијата за обука на судии и јавни обвинители (2007-2009). Покрај нејзиниот интерес и стручност во право, Лидија веќе повеќе од 15 години работи како виш програмски менаџер во Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) на поддршка на политичките институции, организации и поединци во Северна Македонија за прифаќање на најдобрите демократски вредности и практики базирани на искуствата на развиените демократии низ целиот свет.


Жарко Алексов - Член

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 2001 година. Магистрирал на Универзитетот во Болоња, Италија во 2003 година и докторирал на Правниот факултет во Скопје во 2012 година. Тој има ЕУ Специјализација во владеењето на правото на Европската академија во Берлин, Германија. Жарко има работено во неколку меѓународни организации, вклучувајќи го Институтот за меѓународно право, Вашингтон Д.С., Полициската мисија на ЕУ и Полицискиот советодавен тим на ЕУ во Македонија, Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје, SIDA, и УНДП.


Емил Мифтари – Член

Адвокат, работи во Адвокатска канцеларија Емил Мифтари. Има повеќе од 15 години искуство во различни области од правото. Неговата главна специјализација е кривичното право, судството и човековите права, но активно работи и во повеќе области од граѓанското право. Емил често беше ангажиран како предавач за млади правници, фокусирајќи ја својата обука за содржината и правните ефекти на Европската конвенција за човекови права и за процесот на аплицирање пред ЕСЧП. Емил Мифтари беше еден од основачите на ЦПИА во 2012 година, а истата година беше избран за член на ИО. Тој исто така беше основач и активист во МЗМП. Емил Мифтари има широко познавање на функционирањето на правниот и судскиот систем во Северна Македонија.


Ивица Пеповски – Член

Дипломиран правник, експерт во циклусот на управување со проекти. Работел во Мисијата на ОБСЕ во Скопје и во моментов работи во Виена како специјалист за програми и буџет во МААЕ на ООН. Ивица беше еден од основачите на ЦПИА во 2012 година, а истата година беше избран за член на ИО. Тој исто така беше основач и активист во МЗМП. Ивица има големо искуство во меѓународното право и е добро запознаен со функционирсањето на ЕУ и меѓународните стандарди за работа и имплементација на проекти.