Жарко Хаџи – Зафиров – Програмски раководител

Адвокат кој специјализира управни спорови и заштита на човековите права и слободи повеќе од 15 години. Тој е активен член на невладиниот сектор во Македонија и дел од истражувачките тимови кои работат на полето на човековите права, судството и институционалните реформи повеќе од 20 години.


Никола Јовановски – Програмски менаџер

Повеќе од 15 години е дел од невладиниот сектор во Република Северна Македонија. Бил дел од АЛКА - Центар за одржлив развој и вклучен во активностите поврзани со децентрализацијата и руралниот развој, Македонското здружение на млади правнициво делот на правната помош и застапувањето на бегалиците и барателите на азил, а од 2015 година е дел од ЦПИА. Примарниот фокус на неговата работа се перформансите на судството и јавното обвинителство, спроведувањето на тековните реформи, транспарентноста и отчетноста на судството и остварувањето на човековите права. Во годините на своето искуство тој успешно ги завршил проектите опфатени од УНХЦР, ОБСЕ, Советот на Европа и Британската амбасада - Скопје.


Марко Гучески – Проектен координатор

Магистер по меѓународно право и меѓународни односи. Гучески беше дел од програма за стажирање на практиканти во областа за човекови права при Македонското здружение на млади правници при што оствари ангажман во адвокатска канцеларија во Скопје. Подоцна работи како практикант во Националниот демократски институт во Северна Македонија и преку НДИ се стекнува со искуство како асистент на проект во Собранието на Република Северна Македонија.


Симона Трајковска – Проектен координатор

Магистер по меѓународно право и меѓународни односи. Во текот на своето образование, таа учествувала во работата на ЕУ инфоцентарот и Amnesty International Slovenia, а професионалното работење го започнува во Македонскиот центар за меѓународна соработка. Започнувајќи од 2018 година таа се вклучува во тимот на ЦПИА како програмски асистент и работи во областа на следење на судските реформи во правосудството, и е дел од разни истражувања и активности поврзани со функционирање на судовите и пристапот до правда.


Горица Наџинска – Програмски асистент

Магистер по меѓународно право и меѓународни односи. Во текот на своето образование остварува студиски престој на Филозофскиот факултет во Љубљана, Словенија а била практикант во Amnesty International Slovenia, Македонското здружение на млади правници, и канцеларијата на Народниот правобранител на РСМ. Од 2015 година е дел од Центарот за правни истражувања и анализи, каде работи на проекти поврзани со воедначување на судската пракса, зајакнување на капацитетите на Академијата за судии и јавни обвинители како и на разни активности поврзани со подобрување на транспарентноста и отчетноста во работењето на судството во Република Северна Македонија.