Центарот за правни истражувања и анализи на 19 септември организираше отворен ден за граѓаните во Тетово.

Целта на отворениот ден е да ги информира за исплатливоста на поведувањето на судска постапка за споровите од мала вредност како и да го презентира калкулаторот за пресметка на судските и адвокатските трошоци.

Програмскиот тим беше придружуван од двајца адвокати кои го презентираа калкулаторот и ги информираа граѓаните за исплатливоста на спорот во зависност од висината на износот, а ги советуваа и за можностите за постапување во иднина.

Активностите за отворениот ден како и креирањето на калкулаторот се дел од програмата „Подобрување на транспаретноста, правната сигурност и ефикасноста на судскиот систем во Северна Македонија“, поддржана од Британската Амбасада Скопје.