Покана за доставување на понуди – ангажирање на правен експерт за изработка на ,,Анализа на статусот на судската администрација‘‘

За потребите на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството” финансиран од ЕУ преку Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии (во понатамошниот текст: ЦФСД), во рамки на ИПА II програмата, врз основа на Договорот за грант меѓу ЦФСД и ИЧП, бр. 12-6204/1 од 21.12.2018 година  (во понатамошниот текст: Договор за грант) и Британската амбасада Скопје,

Центарот за правни истражувања и анализи објавува:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2020

за набавка на услуга - ангажирање на Правен експерт за изработка на ,,Анализа на статусот на судската администрација‘‘.

Доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да доставите понуда во согласност со Повикот 01/2020.

Покана за доставување понуди 01/2020 

Проектна задача ТOR 01/2020 

Крајниот рок за доставување на понудите е 16.03.2020 и истите треба да се достават на email адресата contact@cpia.mk .

Деталите се образложени во поканата за понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса marko.gucheski@cpia.mk најдоцна до 16.03.2020 година до 12:00 часот.