ЦПИА не е единствената организација која работи за и во областа на пристапот до правдата, демократијата, доброто владеење и човековите права. Сепак, ЦПИА ќе се залага да ги обезбедува своите услуги и работа единствено на професионален, транспарентен, објективен начин, и на изнаоѓање решенија, осигурувајќи квалитет пред квантитет.

ЦПИА го зазема местото помеѓу заедницата, приватниот и владиниот сектор, и става голем приоритет на важност на овие односи. ЦПИА, како релативно нова организација, има силни капацитети меѓу членовите кои се професионалци со големи способности за умрежување, и вештини, и кои се искусни во нивното поле на работа. ЦПИА ќе се стреми кон зацрстување на односите помеѓу следните чинители:

- приватни правни професии

- судовите и јавните обвинителства

- омбудсманот

- образовните и академските институции

- владините министерства, агенции и служби

- професионалните правни здруженија

- меѓународните организациите за јавен интерес и човекови права

- граѓанските групи и организации