Претставник на Центарот за правни истраживања и анализи ушествуваше на „Шестиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа“, кој се одржа на 22 и 23 март 2019 година во Дубровник, Хрватска.

Целта на Форумот е да го промовира спроведувањето на Европската конвенција за човекови права на национално ниво, да ја поттикне регионалната соработка во услови на континуиран развој на владеењето на правото и човековите права и да помогне во процесот на интеграција на регионот во ЕУ.

Форумот опфати дискусии за голем број прашања како што се семејното насилство (каде децата се жртви и сведоци), трговија со луѓе, азил, старателство и грижа за децата, како и пристап до правда за децата.

Овој настан е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Обединетото Кралство, Владата на Шведска и Фондацијата Конрад Аденауер.