„Анализата на родовите аспекти во правосудството“ е обид да се согледаат состојбите со родовата еднаквост, условите за влез, како и професионален напредок на жените во правосудството. Обезбедувањето родова еднаквост во правосудството сé повеќе се истакнува како клучно прашање тесно поврзано со правичноста, транспарентноста и ефективното владеење на правото. Оваа студија укажува на важни достигнувања, но и на значителни предизвици во однос на практичната примена на овие принципи, како и дава конкретни препораки за нивно надминување.
Aнализата е направена во рамки на проектот “Премостување на родовите стереотипи во правосудството” финансиски подржан од Британската амбасада Скопје. Проектот е дизајниран да ги адресира родовите стереотипи и родово базирана дискриминација во правосудството во Северна Македонија, и се базира на пристапот на човекови права.
Анализата и клучните факти може да ги преземете тука:
Анализа на родовите аспекти во правосудството
Analysis of gender aspects in the judiciary
КЛУЧНИ ФАКТИ – Премостување на родовите стереотипи во правосудството