Кои сме ние

За Центарот за правни истражувања и анализи

Од основањето во 2012 година, Центарот за правни истражувања и анализи – ЦПИА работи во областа на владеењето на правото, пристап до правдата, демократизација, добро владеење, и човекови права. ЦПИА се залага за постигнување на своите цели преку активности поврзани со правни истражувања, развој на правни ресурси, мобилизирање на заедницата, градење правна свест и обезбедување правни совети и мислења.

Мисија

Мисијата на здружението е да ги оспособи граѓаните, како индивидуално, така и колективно, подобро да го разберат функционирањето на правниот систем и неговата ефикасност и влијанието кое го има тој врз нивниот живот во рамките на владеењето на правото.

Визија

ЦПИА работи со визија да биде објективен и кредибилен ресурсен центар кој ќе овозможува за пошироката и стручната јавност пристап до корисни анализи и информации, како и практично разбирање за тековните правни прашања, преку кредибилнно и професионално истражување на закононите и нивното спроведување.

Главни цели

ЦПИА е обврзана кон демократско општество кое се заснова на принципите на владеење на правото, суштинска еднаквост и кое обезбедува принципите, правата и одговорностите загарантирани со Уставот да бидат целосно почитувани, промовирани, заштитени и остварени.

АКТИВНИ ПРОЕКТИ

АКТИВНИ ПРОЕКТИ

АКТИВНИ ПРОЕКТИ

АКТИВНИ ПРОЕКТИ

Главни цели и заложби

Целите на Центарот за правни истражувања и анализи:

  • Да придонесува кон подобрување на правниот систем засновано на принципот на суштинска еднаквост и да осигура дека уставно загарантираните принципи, права и обрврски се почитувани, промовирани, заштитени и исполнувани.
  • Да функционира како независна, непрофитна правна клиника со грижа за корисниците која го користи правото како инструмент на правдата и обезбедува услуги за сите граѓани, вклучувајќи ги и маргинализираните и дискриминирани групи и поединци.
  • Да работи кон исполнување на стандардите на ЕУ и меѓународните стандарди во македонското општество и неговиот правен систем, и да гради почит кон владеењето на правото и уставната демократија.
  • Да им овозможи на ранливите и маргинализираните да ги уживаат и развиваат нивните права да помовира родова и социјална еднаквост и да се спротивставува на секаква форма на неправедна дискриминација; како и да придонесе кон развој на човековите права и кон социјалниот и економскиот прогрес на општеството како целина.

 

ЦПИА ќе изнаоѓа креативни и ефективни решенија во процесот на правната реформа преку користење на разни стратегии, подобрување на законодавството, учество во процесот на правните реформи и умрежување со организации од ЕУ и на меѓународно ниво.

Клучните задачи на ЦПИА:

  • Да се прошири знаењето, разбирањето и свеста на граѓаните за актуелните правни реформи и правната пракса (процеси);
  • Да се промовира принципот за пристап до правдата за сите, независно од социјалните, етничките, религиозните, родовите и политичките разлики;
  • Да се градат капацитетите на професионалните правници со цел во својата работа да се насочат кон задоволувањето на потребите на граѓаните на начин кој ќе биде транспарентен и одговорен;  и
  • Да се обезбедат услуги со цел информирање на граѓаните како тие би донеле одговорни одлуки и би превземале одговорни активности.

ЦПИА се обврзува кон:

  • Oбезбедување релевантни, објективни и професионални услуги за стручната и пошироката јавност во областа на правното истражување
  • Делување засновано на интегритет и стручност
  • Соработка и отвореност
  • Иновација и креативност
  • Делување согласно принципите на најдобрите практики
  • Подобрување на давањето услуги и нивна ефикасност
  • Легитимност, евалуација и отчетност
Поврзете се со

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Можете да нè следите на социјалните мрежи.

Вашето време и вештини ни значат!
Волонтирај