Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството организира тркалезна маса на тема ,,Унифицирана судска пракса – гарант за правна сигурност”
Основни темели на принципот на владеење на правото се правната сигурност и правната предвидливост, а унифицираната судска пракса е токму гарант за правната сигурност.
Во насока на унапредување на унифицираноста на судската пракса беше презентиран Документ и препораки за унапредување на унифицираноста на судската пракса како гаран на правната сигурност, па од препораките и дискусиите произлезе потреба да во наредниот период се преземат активности со цел да се постигнат резултати во делот на правната сигурност и правната предвидливост кое е во интерес на граѓаните.