АНАЛИЗА ЗА ЗАШТИТА НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО РСМ И ПРИМЕНАТА НА ОЦЕНКАТА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на проектот ,,Добро владеење во животната средина за Зелена агенда за Западен Балкан” финансиски подржан од Европската Унија подготви ,,Анализа за заштита на квалитетот на амбиентниот воздух во РСМ и примената на оценката на влијанието на животната средина“.

Во последните години, прашањето за животната средина станува сѐ поактуелно, особено во однос на загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот и недостатокот на транспарентност во донесувањето одлуки за проекти кои имаат значително влијание врз животната средина.

Чистата животна средина е основно човеково право кое секој поединец треба да го ужива, независно од социјалниот статус, економските околности или локацијата. Особеноста на ова право е неговата нераскинлива врска со обврската за заштита на животната средина, која важи за сите, поединци, институции, економски и социјални субјекти. Се доаѓа до заклучок дека, обезбедувањето на здрава животна средина не само што го штити поединецот, туку придонесува за одржлив развој и колективна благосостојба.

Правото на здрава животна средина, вклучително и правото на чист амбиентен воздух, е загарантирано во националната и меѓународната правна рамка. Ова право е утврдено пред сѐ со Уставот на Република Северна Македонија и релевантните закони со кои се регулира областа на животната средина и обезбедува заштита на граѓаните преку механизмите предвидени во рамките на судството.

Линк за пристап до анализата: АНАЛИЗА ЗА ЗАШТИТА НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО РСМ И ПРИМЕНАТА НА ОЦЕНКАТА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Подготвено во рамките на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан“  финансиран од Европската Унија, а имплементиран во соработка со МЗМП и Фронт 21/42.

Ana
Share
This