Водејќи се по методологијата за следење на судски предмети од областа на животната средина и анализата која што беше изготвена минатата година, оваа година повторно се направи детална анализа на 8 предмети избрани по случаен избор за кривичните дела од главата 22 од Кривичниот законик: кривични дела против животната средина и природата.
Иако во 2023 година беа направени измени на Кривичниот законик со кои се предвидуваат нови кривични дела од областа на животната средина, а најзначајното е новото кривично дело – Екоцид сепак податоците говорат дека досега ниту еден таков судски случај не се нашол во судовите.
Па така според статистиката на 25 основни судови, најзастапено кривично дело е Узурпација на недвижности, додека најмалку застапена се тешките дела против животната средина и загадувањето на животната средина.
Со цел методологијата да продуцира поточни резултати, земени се податоците од судовите каде што веќе се поднесени соодветни обвинителни акти или обвинителни предлози во тековните години.
Линк за пристап до Анализа на правосилни предмети од областа на животната средина 2025