Воспоставување на алатки за следење на реформите за поддршка на правосудниот сектор во Република Северна Македонија

Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Судскиот совет на РСМ и Министерството за правда започна со имплементација на проектот ,,Воспоставување аналитички алатки за следење на реформите за поддршка на правосудниот сектор во РСМ.

Во реализацијата на проектот ќе бидат опфатени три компоненти:

1.  Подготовка на Функционална анализа на основните судови во Северна Македонија,

2.  Подготовка на Функционална анализа на Министерството за правда, и

3. Спроведување на второто мерење од Матрицата на индикатори за реформи во правосудството.

Проектот ќе овозможи следење на напредокот на реформите во правосудниот сектор, детектирање на недостатоците добиени од извршените анализи и ќе овозможи предлози за подобрување на целокупната состојба во правосудството. Подготовката на функционалните анализи ќе допринесе за поддршка на правосудните институции во унапредување на независноста, транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на правдата, и претставува заокружување на процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во Северна Македонија.

Временската рамка за имплементација на проектот е од 21 декември 2020 година до 31 март 2021 година, а истиот е поддржан од Британската амбасада Скопје. 

Gorica Nadjinska
Share
This