Втора официјална средба на работната група за развивање на методологија за имплементација на Матрицата на индикатори за правосудство

Одржана втора официјална средба на работната група за Матрицата на индикатори за правосудството.

Во рамките на Компонентата Воспоставување и имплементација на Матрицата на индикатори за правосудството, како дел од програмата „Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија“ во Хотелот Солун се одржа втората официјална средба на работната група која работи на развојот на методологијата за имплементирање на матрица на индикатори за правосудството.

Работната група е составена од 1 Меѓународен и 6 Национални експерти.

На работната средба беше презентирана првата нацрт верзија на матрицата која ја подготви правниот дел од тимот.

На средбата се дискутираше за следните чекори и активности на работната група кои опфаќаат квалитетна формулација на идникаторите, методологијата за вршење на мерењето и собирањето на податоци, за структурирање на репрезентативен примерок како и избор на индикатори согласно таргет групите кои ќе бидат опфатени од матрицата.

На средбата во својство на надворешени експерти присуствуваа и Никола Прокопенко и Славица Жерајиќ кои беа назначени од Министерот за правда на Република Македонија како претставници од Министерството за правда.

Програмата е финансирана од Британската амбасада Скопје.

Gorica Nadjinska
Share
This