Добро владеење во животна средина за имплементација за Зелената агенда за Западен Балкан

Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Македонското Здружение на млади правници и Фронт 21/42, започна со имплементација на проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација за Зелената агенда за Западен Балкан кој е резултат на континуираната поддршка од страна на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Станува збор за три годишен проект кој официјално започна на 01.01.2024 година, со четири различни кластери на активности.

Општата цел на проектот е зајакнување на владеењето на правото во животната средина, особено во борбата против еколошките злосторства и други сериозни прекршоци преку ефективно административно и кривично спроведување во согласност со стандардите на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан.

Специфичните цели кои се предвидени со проектот се:

  • Подобрување на  спроведувањето на законодавството за животна средина преку редовни проценки на влијанието на законодавството, зголемување на капацитетите за спроведување на законот за животна средина на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, судството и Државниот инспекторат за животна средина;
  • Зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, Академијата за судии и јавни обвинители, медиумите, државните институции и приватниот сектор со цел да се влијае врз јавните политики и донесувањето одлуки за животната средина;
  •  Јакнење на капацитетите на локалните граѓански организации со цел следење на заштитата на животната средина.
Ana
Share
This