Во рамките на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘ финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје беше подготвен посебен ,,Документ за политики за транспарентноста, отчетноста и ефективноста на судството со фокус на судовите и судската администрација‘‘.
Документот за политики опфаќа три поглавја од кои првото поглавје ја претставува релевантната меѓународна рамка на транспарентностса, отчетноста и ефектинвоста на судството со фокус на работата на судиите и судската администрација. Во ова поглавје од примарно значење се регионалните, европски стандарди изградени низ механизмите на Советот на Европа. Овие механизми играат мошне значајна улога во обезбедувањето на владеењето на правото, како еден од трите клучни столба врз кои почива системот на Советот на Европа, заедно со демократијата и човековите права. Во ова поглавје опфатени се посебни теми т.е. механизми за воспоставување на стандарди за транспарентност, отчетност и ефективност на судството како и стандарди релевантни за судската администрација.
Во второто поглавје обработени се националните политики и правна рамка за транспарентноста, отчетноста и ефективноста на судството со фокус на работата на судиите, нивната транспарентност во работењето и ефективност на нивната работа.
Третото поглавје од овој документ се однесува на националните политики и правна рамка затранспарентност, отчетност и ефективност на судството со фокус на работата на судската администрација.
Овој документ има за цел да придонесе кон јакнење на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на судството и судската администрација во Република Северна Македонија во однос на подобрување на работата на правосудните органи и нивните служби.