Документот за јавни политики е подготвен во рамки на проектот “Вградување на аналитички и мониторинг алатки за поддршка на правосудните реформи во Северна Македонија” финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје и истиот има за цел да му помогне на судскиот систем да ги адресира клучните наоди од реформите во конкретните области како предмет на евалуација на Матрицата, но и да понуди препораки и насоки како основа за утврдување на приоритетите за судските реформи и натамошен развој на правосудниот сектор.
Основата на овој документ за јавни политики се резултатите од Вториот национален извештај од Матрицата на индикатори за мерењето на перформансите и реформите во правосудството. Истражувањето беше спроведено од страна на Центарот за правни истражувања и анализи – ЦПИА во тесна соработка со Судскиот совет на РСМ и Министерството за правда на РСМ.
Мерењето со Матрицата за мерење на перформансите и реформите во правосудството беше спроведено од 20 јануари до 15 февруари 2021 година и примената на алатката овозможи проценка на перформансите во пет клучни области: 1) Ефикасност, 2) Транспарентност и отчетност, 3) Квалитет на судската правда, 4) Независност и непристрасност и 5) Професионален развој и соодветна застапеност.
Оттука, документот за јавни политики е составен од следните пет дела кои ги адресираат вредносните категории спомнати погоре и даваат конкретни препораки и предлози кои треба да придонесат за унапредување на состојбите во судскиот систем:
1. Како до поголема ефикасност во судството?
2. Зајакнување на транспарентноста и отчетноста во судството
3.Квалитет и ефект на судската правда
4.Неопходност од независност и непристрасност
Преземете го Документот за јавни политики на следниот линк: