Во ера на подем на информатичките технологии една од најзначајните трансформации во современите правни системи претставува дигитализацијата на правосудството. Со дигитализацијата на правосудството треба да се зголеми ефикасноста и транспарентноста на правосудството но оттука доаѓа и предизвикот со заштитата на личните податоци.
Со оглед на самата важност на дигитализацијата на правосудството и заштитата на личните податоци изготвен е документ за јавни политики. Целта на овој документ за јавни политики е да обезбеди сеопфатен и стратешки пристап за решавање на клучните предизвици за Дигитализација на правосудството и заштита на личните податоци.
Преку овој документ, се настојува да се:
- идентификуваат и анализираат главните проблеми кои бараат интервенција,
- да се дефинираат приоритетите и да се предложат конкретни решенија кои ќе придонесат за унапредување на политиките за дигитализација на правосудството и заштита на личните податоци.
Повеќе детали во документот „Дигитализација на правосудството и заштита на личните податоци“
Документот за јавни политики е подготвен во рамки на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од Европската Унија , а имплементиран од ЦПИА и Македонско здружение на млади правници.