Ја приближуваме темата на вештачка интелигенција до правосудството за да истражиме како овие технологии можат да влијаат на ефикасноста и етичноста на судските процеси.
Ефикасност и етика: Вештачката интелигенција може да го направи правосудството побрзо, но треба да се почитуваат правата на граѓаните.
Заштита на приватноста: Потребни се строги стандарди за заштита на личните податоци во процесите со вештачка интелигенција.
Недоволна правна рамка: Недостасуваат закони и стратегии за користење на вештачка интелигенција воопшто, но и конкретно за правосудството, што го отежнува контролирањето на неговата примена.
Соработка и обуки: Судството и обвинителствата имаат потреба од техничка поддршка и обуки за одговорна употреба на вештачка интелигенција
Транспарентност: Потребна е транспарентност за да се избегнат злоупотреби и да се осигура довербата на граѓаните.
Повеќе детали во документот “Користење алгоритми и вештачка интелигенција (АI) во правосудството – со посебен осврт на правото за заштита на личните податоци”
Документот за јавни политики е подготвен во рамки на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од Европската Унија , а имплементиран од ЦПИА и Македонско здружение на млади правници.