ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ „УЛОГАТА НА СУДСТВОТО И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО СИСТЕМОТ НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ”

Заштитата на личните податоци и правото на приватност во време на дигитална ера претставува вистински предизвик. Па оттука потребно е да се нагласи и важноста на   улогата на судството и јавното обвинителство во заштита на личните податоци и правото на приватност.

Овој документ за Јавни политики има за цел да обезбеди сеопфатен и стратешки пристап за решавање на клучните предизвици за Улогата на судството и јавното обвинителство во системот на заштита на личните податоци и правото на приватност.

Преку овој документ, се настојува да се:

  • идентификуваат и анализираат главните проблеми кои бараат интервенција,
  • да се дефинираат приоритетите и да се предложат конкретни решенија кои ќе придонесат  за унапредување на политиките за Улогата на судството и јавното обвинителство во системот на заштита на личните податоци и правото на приватност.

Повеќе детали во документот „Улогата на судството и јавното обвинителство во системот на заштита на личните податоци и правото на приватност”

Документот за јавни политики е подготвен во рамки на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од Европската Унија , а имплементиран од ЦПИА и Македонско здружение на млади правници.

Ana
Share
This