Во рамки на проектот „Проект за добро управување со животната средина“, Центарот за правни истражувања и анализи ја изготви анализата „Заштитата на животната средина низ призмата на праксата на Европскиот суд за човекови права – добри и лоши практики во Република Северна Македонија“.
Анализата се состои од три дела:
Првиот дел содржи резиме на принципите кои ја засноваат заштитата на животната средина, а кои произлегуваат од праксата на ЕСЧП. Вториот дел од анализата се фокусира на позитивната и негативната домашна пракса каде напорите на надлежните институции вложени во заштитата на животната средина некогаш се успешни но честопати и недоволни, некоординирани и неефикасни. Третиот дел укажува на следните чекори кои треба да бидат преземени за надминување на недостатоците и празнините кои претставуваат пречка за здрава и одржлива животна средина.
Анализата можете да ја преземете на следниот линк: