
Центарот за правни истражувања и анализи поддржан од Вестминстер фондација за демократија и Високата школа за новинарство и односи со јавноста, во рамките на проектот „Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права“ изработи документ за јавни политики „Како до ефективна административна правда“.
Целта на анализата е да укаже на проблемот на неефективноста на управното судство односно неможноста граѓаните на брз и ефективен начин да остварат заштита или признавање на своите права преку управните судови.