
Во рамки на проектот „Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден сектор“, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, Центарот за правни истражувања и анализи изработи курикулум за туторство на новоизбрани судии.
Овој курикулум се состои од четири дела. Првиот дел се однесува на предложената програма за воведна обука за новоизбрани судии; вториот дел предлага содржина на курикулумот/програмата за воведната обука; третиот дел е компаративна студија, и сите три дела се подготвени од Берт Маан, поранешен судија и претседател на суд во Холандија. Четвртиот дел е предлог за Обука на обучувачи, односно модул за обучувачки вештини и истиот е подготвен од Марина Наумовска Милевска, Специјалистка за едукација на судии.
Во прилог е ликот од каде можете да го преземете Курикулурмот.