Меморандум за соработка меѓу Комора на медијатори на Република Македонија и Центар за правни истражувања и анализи

На 14 мај 2018 година во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Претседателот на Комората на медијатори на Република Македонија Славе Младеновски и претседателот на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафировска.

Целта на овој Меморандум е зајакнување на досегашната соработка помеѓу Комората на медијатори на Република Македонија и Центарот за правни истражувања и анализи во насока на остварување на заедничките цели и заложби. 

Страните потписнички се договорија дека ќе соработуваат во наскоа на унапредување на независноста и самостојноста на медијаторите, изработка на проектни идеи и нивна имплеметација согласно потребите, унапредување на регионалната соработа и јакнење на капацитетите на медијаторите, промовирањето на принципот пристап до правда за сите како и исполнувањето на меѓународните стандарди. 

Меморандумот стапи на сила со денот на неговото потпишување, а со оглед на потребата од континуирана и суштинска соработка помеѓу страните потписнички, истиот не е временски ограничен.

Gorica Nadjinska
Share
This