Меморандум за соработка меѓу Уставен суд и Центарот за правни истражувања и анализи

На 2 октомври 2017 година во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Никола Ивановски и претседателот на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафировска.

Потпишувањето се случи на отварањето на настанот на кој беше презентирано истражувањето „Видливост на Уставниот суд при носење одлуки со посебен фокус кога одлучува за заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот“.

Целта на овој Меморандум е зајакнување на досегашната соработка помеѓу Уставниот суд на Република Македонија и Центарот за правни истражувања и анализи во насока на остварување на заедничките цели и заложби.

Страните потписнички се договорија дека ќе соработуваа во наскоа на унапредување на независноста и самостојноста на судиите, изработка на проектни идеи и нивна имплеметација согласно потребите, унапредување на регионалната соработа и јакнење на капацитетите на судот, промовирањето на принципот пристап до правда за сите како и исполнувањето на меѓународните стандарди.

Меморандумот стапи на сила со денот на неговото потпишување, а со оглед на потребата од континуирана и суштинска соработка помеѓу страните потписници, истиот не е временски ограничен.

Gorica Nadjinska
Share
This