Методологија за следење на промените во законодавството и нивното влијание во судството

Центарот за правни истражувања и анализи во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ финансиран од страна на Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии на РСМ, ја подготви Методологијата за следење на промените во законодавството и нивното влијание во судството. Оваа Методологија беше подготвена со цел да и служи на Советодавната група, која е дел од овој проект, а составена е од граѓански организации кои работат во областа на правосудството, за следење на промените во законодавството преку законодавната рамка предвидена во Методологијата, во текот на времетраењето на проектот.

За таа цел, во Методологијата содржани се повеќе од педесет индикатори кои овозможуваат сеопфатно следење на промените во законодавството, а промени кои се однесуваат на работата на судовите и судската администрација.

Наодите од оваа Методологија подоцна ќе послужат како основа за препораки за правосудните институци на РСМ во поглед на нивното работење со цел за зголемена, транспарентност, отчетност и ефективност.

Методологијата на македонски или албански јазик може да ја превземете тука:

Ana
Share
This