Центарот за правни истражувања и анализи подготви компаративна анализа со најдобрите европски практики за мерење на перформансите на јавните обвинители.
Компаративната правна анализа за мерење на перформансите на јавните обвинители во Унгарија, Франција, Обединето Кралство, Данска, Хрватска и Македонија е еден од клучните резултати во рамки на проектот „Креирање на Матрица за мониторинг на перформансите на јавното обвинителство“ имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи- ЦПИА и PwC Македонија, финансиран од UK Aid преку Владата на Обединетото Кралство.
Главната цел на компаративната анализа е двојна:
1. Да обезбеди увид во реформите во правосудниот сектор спроведени во Обединетото Кралство и во избраните земји членки на Европската унија (ЕУ), со посебен акцент на мерење на перформансите на јавните обвинители;
2. Да ги идентификува најдобрите европски и меѓународни практики и стандарди за оцена на перформансите на обвинителските системи и нивната потенцијална применливост во македонски контекст.
Анализата е достапна на следниот линк: