Обука за еколошка правда

Во рамки на „ Проектот за добро управување со животната средина„ Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители организираше серија од четири обуки за судии и јавни обвинители за еколошка правда. Проектот е подржан од Британската амбасада Скопје. Две од обуките се одржаа во месец февруари, односно на 4ти и 11 февруари 2022 година, а две во месец март, на 3ти и 10 март.

Како претходна активност на спроведувањето обуки беше изработката на Курикулум за еколошка правда, од страна на Проф. Др. Беса Арифи и проф. Др. Марина Малиш Саздовска, кои воедно ги спроведоа четирите обуки.

Цели на обуките беа:

  • Вовед и запознавање со меѓународното право на животна средина,
  • Поврзување на концептот на човекови права и животна средина,
  • Запознавање со основните правни принципи на правото на животна средина,
  • Запознавање со правната регулатива за климатска акција,
  • Правото на пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правдата за прашања поврзани со животната средина,
  • Разбирање на посебните области и медиуми на животната средина кои се предмет на регулација во посебните прописи за животна средина.

За време на овие обуки присуствуваа вкупно 50 претставници од судовите, стручната судска служба, Јавни обвинители, јавнообвинителската служба, како и претставнници од МВР и Државниот инспекторат за животна средина. Ваквиот мешан состав на учесниците на обуки придонесе до поголемо вмрежување на сите активни чинители во борбата со криминалот во животната средина, а воедно претставниците од судовите и јавните обвинителства имаа можност да се информираат повеќе за постапките на службите на МВР и ДИЖС на терен.

Обучувачите имаа можност да ги запознааат присутните со дел од темите кои се предвидени во курикулумот, како поимот на еколошка правда, праксата на Европскиот суд за човекови права во областа на животната средина, Методикаите за откривање, докажување и разјаснување на еколошки кривични дела, Мултилатерални договори од областа на животната средина ратификувани во Република Северна Македонија како и беа работени студии  на случај.

На крај сите од присутните искажаа задоволство за организираните обуки и ја нагласија потребата од организирање на повеќе обуки од ваков тип.

Ana
Share
This