Обуки на тема: ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА И ЕДНАКОВ ТРЕТМАН НА РОМИТЕ ВО ПРЕТКРИВИЧНА И КРИВИЧНА ПОСТАПКА

Центарот за правни истражувања и анализи и Здружението на правници Роми од Скопје во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители организираат 3 еднодневни обуки (2 основни и 1 напредна) во просториите на Академијата.

Обуките ги спроведува меѓународниот експерт, проф. др Ивана Крстиќ од Правниот Факултет во Белград. Обуката е прилагодена и посебно дизајнирана за судии и јавни обвинители, за недискриминација и фер третман кога Ромите се под истрага или во судски постапки.

Целта на обуките е да се зголеми сензибилитетот меѓу релевантните судски чинители за еднаков и фер третман кон Ромите во судските и другите постапки врз основа на принципите на недискриминација.

Првите две еднодвневни обуки со група од 50 судии и јавни обвинители, се одржаа на 8 ми и 9 ти март 2018 на тема: Заштита од дискриминација и еднаков третман на Ромите во преткривична и кривична постапка“, додека на 26 април 2018 година во Академијата за судии и јавни обвинители ќе се одржи и напредната обука со група од 25 до 30 учесници (судии и јавни обвинители) на тема: ,,Дискриминација по основ на раса и етничка припадност, говор на омраза и криминал од омраза со посебен фокус на случаи кон Ромите“. 

Обуките се дел од проектот „Еднакви пред судот – безбедни во животот“.

Gorica Nadjinska
Share
This