ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВА ПРАВНИ ЕКСПЕРТА

За потребите на проектот „Зајакнување на регионалната судска соработка во Западен Балкан за ефективни судски спорови пред Европскиот суд на правда и имплементација на Повелбата за фундаментални права на Европската Унија“ поддржан од Владата на Кралството Холандија, ЦПИА има потреба од ангажирање 2 (два) правни експерта во период од јули до септември 2025 година за подготовка на:

  1. Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за судски постапки пред Европскиот суд на правда;
  2. Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за примена на Повелбата за основните права на Европската Унија.

Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:

  • Темелно познавање на правото на ЕУ и Повелбата за основните права на ЕУ како и практиката на Европскиот суд на правда,
  • Експертиза во области како право на ЕУ, човекови права, уставно право и јуриспруденција,
  • Најмалку 10 годишно практично искуство во областа на правосудството,
  • Одлично познавање на англиски јазик или еден од јазиците на Европската Унија,
  • Истражувачки и аналитички вештини,
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите,
  • Посветеност кон организациските цели и целите на проектот.

Правниот експерт ќе работи на една од следните задачи:

  1. Изработка на Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за судски постапки пред Европскиот суд на правда, со осврт на:
  • Улогата на Академијата за судии и јавни обвинители и кои се нејзините клучни активности на национално ниво;
  • Преземени или планирани активности со цел постигнување на целите на Академијата;
  • Посакувани резултати од обуките и програмите, особено во делот на постапките пред Европскиот суд на правда.
  1. Изработка на Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за примена на Повелбата за основните права на Европската Унија, со осврт на:
  • Улогата на Академијата за судии и јавни обвинители и кои се нејзините клучни активности на национално ниво;
  • Преземени или планирани активности со цел постигнување на целите на Академијата;
  • Посакувани резултати од обуките и програмите, особено во делот на спроведување на Повелбата на фундаменталните права на ЕУ.

Извештаите за проценка за потребите на обука и Акционите планови треба да содржат максимум 15 страни по документ и да бидат напишани на македонски јазик.

Заинтересираните кандидати потребно e да испратат кратка професионална биографија најдоцна до 10.07.2025 година, со јасна назнака за огласот на кој се пријавуваат, на следната меил адреса: [email protected] .

Огласите се достапни на следните линкови:

Изработка на Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за судски постапки пред Европскиот суд на правда
Изработка на Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за примена на Повелбата за основните права на ЕУ
Ana
Share
This