ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА АНАЛИЗИРАЊЕ ПРЕСУДИ

Во рамки на програмата ,,Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден сектор”  поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија, Центарот за правни истражувања и анализи има потреба од ангажирање правни експерти за анализирање на домашни и странски пресуди, во период од мај 2022 до јули 2023 година.

Платформата justice observers започнува со вториот циклус на анализа на домашни и странски пресуди преку ажурирање и објава на анализираните пресуди преку истоимениот веб сајт. Наведената платформа овозможува детално и сеопфатно анализирање на донесените домашни и странски пресуди, со акцентирање на добрите практики со цел нивно применување во иднина, но и детектирање на одредени аномалии во процесот на донесување на конкретни пресуди кои треба да послужат како ориентир за потребно подобрување при правораздавањето.

Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:

  • Најмалку 10 годишно практично искуство во областа на правосудството
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на Microsoft Office
  • Одлични способности за детално пишување и образложување
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите
  • Посветеност кон организациските цели и целите на проектот

Правниот експерт ќе треба да ги извршува следниве задачи:

  • Да анализира селектирани пресуди на домашни судови и пресуди на Европскиот суд за човекови права
  • Учество на настани и промоции поврзани со платформата justice observers
  • Активно вклучување на настаните поврзани со платформата justice observers
  • Редовно известување и информирање за работата на проектниот тим
  • Поддршка на проектниот тим при соработка со различни претставници од областа на правосудството

Заинтересираните кандидати е потребно да испратат кратка професионална биографија најдоцна до 25.05.2022 година (среда) во 16:30 часот, на следнава меил адреса: [email protected]

Gorica Nadjinska
Share
This