Сегашната законска рамка предвидува кратки рокови за постапување од 30 дена и ниски казни, што ја прави заштитата на приватноста недоволно ефикасна. Новите предлози предвидуваат продолжување на роковите на 90 дена и значително зголемување на казните, со што се очекува да се постигне поефикасна и посуштинска заштита на личните податоци.
Промените се стремат кон воспоставување на санкции кои се ефикасни, пропорционални и доволно одвраќачки, со цел да се обезбеди вистинска и долгорочна заштита на приватноста на граѓаните.

Активноста е поддржана од проектот „Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од Европската Унија, а имплементиран од ЦПИА и МЗМП.