Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на проектот „Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден систем“, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, дава поддршка на Судскиот совет во изработка и спроведување на Методологијата со индикатори за сложеноста на предметите.
За успешно спроведување на Методологијата во пракса, ЦПИА организираше презентација на Методологијата во четирите апелациони подрачја. На самата прзентација професорката Гордана Лажетиќ, дел од експертскиот тим за изработка на оваа методологија ги запозна присутните судии со процесот на изработка на оваа Методологија како и целите и потребите од истата. На тој начин судиите имаа можност да се запознаат со системот за сложеност и учествуваа во процесот на внесување индикатори за тежината на предметите за тестирање на системот.
Судии на презентацијата селектираат и донесоа 1 предмет од нивниот суд, со цел да ги внесуваат параметрите и индикаторите од селектираните предмети во системот на индикатори за сложеност на предметите.