
На работилницата беа презентирани два документи за јавни политики на следните теми: “Дигитализација на правосудството и заштита на личните податоци“ – презентиран од Александар Гоџо, адвокат и правен експерт за реформи во правосудство и “Користење алгоритми и вештачка интелигенција (ВИ) во правосудството – со посебен осврт на правото за заштита на личните податоци и приватноста“ – презентиран од Мануела Станоевска Стоилковска, експерт за заштита на лични податоци.

Целта на работилницата беше усогласување на заклучоци и препораки кои ќе придонесат кон подобри политики за дигитализација во правосудството и регулирање на вештачката интелигенција. По презентациите, се одржа широка дискусија, фокусирана на различните гледишта од институциите во однос на предизвиците за дигитализацијата и употребата на вештачка интелигенција во правосудството.
Во рамки на работилницата беа утврдени конкретни препораки за унапредување на јавните политики за секоја од областите кои ќе послужат за формирање на финален документ за јавни политики.
Презентациите за документите за јавни политики може да ги најдете тука:
Дигитализација на правосудството и заштита на личните податоци – Александар Гоџо
Користење алгоритми и вештачка интелигенција (ВИ) во правосудството – Мануела Станоевска Стоилковска
Работилницата се спроведе во рамки на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот“ финансиски поддржан од Европската Унија.