Центарот за правни истражувања и анализи во рамките на програмата „Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија преку градење на капацитети за судии и мониторирање на судските реформи“ финансирана од Британската амбасада Скопје во периодот од месец декември 2017 година до март 2018 година организираше отворени денови за граѓаните. Жителите на Штип, Битола и Гостивар имаа можност да се запознаат со определени правни прашања за споровите од мала вредност, нивната економска оправданост како и алтернативните методи за решавање на истите.
Присуството на адвокати и медијатори на отворените денови им овозможи на граѓаните да се информираат за сопствените спорови и да добијат конкретни насоки за постапување во иднина.