Отворен ден за граѓаните во Велес

Центарот за правни истражувања и анализи на 27 јуни организираше отворен ден за граѓаните во Велес.

Отворениот ден беше спроведен со цел да ги информира граѓаните за исплатливоста на поведувањето на судска постапка за споровите од мала вредност како и да го презентира калкулаторот за пресметка на судските и адвокатските трошоци.

Програмскиот тим беше придружуван од двајца адвокати кои го презентираа калкулаторот и ги информираа граѓаните за исплатливоста на спорот во зависност од висината на износот, а ги советуваа и за можностите за постапување во иднина.

Активностите за отворениот ден како и креирањето на калкулаторот се дел од програмата „Подобрување на транспаретноста, правната сигурност и ефикасноста на судскиот систем во Северна Македонија“, поддржана од Британската Амбасада Скопје. 

Gorica Nadjinska
Share
This