Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 8 (осум) претставници од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година при процесот на спроведување и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година
Рокот за поднесување на пријавите е 25 март 2024 година.
Пријавувањето за членство во Совет за координација и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи на следната електронска адреса: [email protected]
Погледнете го целиот повик на сајтот на ПАРТНЕРСТВОТО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ