Петта работилница за одговорност, ефективност и ефикасност во судството

На ден 31-ви мај и 1-ви јуни 2021 година, во х. Гардениа во Велес година се одржа петтата работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството за вработените во судовите од апелационото подрачје Скопје.

Во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘ беа предвидени вкупно пет работилници од овој вид со интерактивно учество на присутните и предавачите, а оваа беше последната одржана работилница во рамките на овој проект.

Поради сериозноста на настанатата ситуација со вирусот КОВИД-19, средбата се одржа со целосно почитување на мерките и протоколите предвидени за заштита на учесниците при одржување вакви средби.

Настанот го отвори претседателот на ИЧП Маргарита Николовска Цаца каде што даде краток осврт за проектните активности, важноста на самиот проект и предизвиците кои произлегуваат од истиот, а се однесуваат на фокусот на проектот т.е. судската администрација.

Во поздравните обраќања, Никола Јовановски –Програмски менаџер во ЦПИА ја нагласи неопходноста на соработката и потребата од унапредување на истата помеѓу судската администрација и судиите. во неговото излагање беа опфатени теми кои се однесуваат на функционалноста на судството согласно меѓународни инструменти и резултати од домашни истражувања.

Еден од членовите на Судски совет на РСМ, Сашко Георгиев имаше обраќање на кое се осврна на изминатите активности на Судскиот совет на РСМ во однос на законските измени, преземените активности и предизвиците на кои активно работи ССРСМ во однос на подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на судството во целост.

Претседателот на здружението на судска администрација Сашо Темелкоски се произнесе во основ на актуелните случувања со состојбите во судската администрација и изрази благодарност и подготвеност за натамошна соработка со цел за зголемување не ефиканоста, транспарентноста и отчетноста. Проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘ претставува единствен проект кој во фокус ја има судската администрација и подобрувањата на состојбите во неа. Беа изложени неколку точки кои се однесуваа на потребата од згоелмена ефикасност и соработка помеѓу судската администрација, судско буџетскиот совет, Судскиот совет на РСМ и останатите засегнати страни.

По излагањето на говорниците беше отворена сесија за прашања и коментари, а тука беа изложени искуства од практиките на претставниците од судовите и адвокатските друштва. Беа посочени теми кои е неопходно да се поправат со цел за ефикасно, транспарентно и отчетно работење, а истите беа посочени како заеднички од страна на судската администрација, судиите, стручните соработници и адвокатите. Коментарите се однесуваа на е-доставата, можностите и предизвиците за реализирање на истата, развојот на ИКТ технологијата и резултатите од истата, интероперабилност на институциите и сл.

Предавачите за оваа работилница беа д-р Наташа Габер– Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Лазар Нанев, судија од ОС Кавадарци, проф. д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет ,,Јустинијан Први‘‘ – Скопје и Лидија Таневска – Јадровска, шеф на кабинетот на Претседателот на Врховниот суд и претставник од Здружението на судската администрација.

Како теми на кои предавачите имаа свое излагање беа опфатени статусот на судиите според домашните и меѓународните правни рамки, дисциплинската наспроти етичката одговорност на судиите, ресурсите во судството и интероперабилноста на управувањето со предметите, АКМИС системот, менаџирање со стрес како и ефикасна интерна и екстерна комуникација на вработените во судските инстанци.

Оваа работилница се спроведува како дел од проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ кој е реализиран заедно од страна на Институтот за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи, а истиот се спроведува во соработка со Здружението на судии и Здружение на судска администрација.

Цел на проектот е зголемувањето на влијанието на здруженијата на граѓани и професионалните здруженија во судските реформи преку нивно заедничко вклучување во оценувањето на работењето на судството преку ефективна соработка со сите чинители восудството.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување на договори и ко-финансиран од страна на  Британската амбасада во Скопје.

Gorica Nadjinska
Share
This