Петта средба на Советодавната работна група

На ден 09.02.2021 година на он-лајн платформата Зум се одржа Петтата средба на Советодавната работна група која функционира во рамките на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘.

Петтата средба претставува континуитет во следењето на промените во рамката на закони која претставува суштински дел од Стратегијата за реформи во правосудството 2017-2022 година. Следењето на закони се одвива врз основа на претходно изработена Методологија за следење на промените во законодавството и нивното влијание врз судството.

Десетте членки на Советодавната работна група следат закони според областа во која имаат соодветна експертиза. На оваа петта средба се дискутираше околу последните измени и актуелни случувања со Законот за судски совет на РСМ, актуелните случувања околу процесот на ветинг за судиите во правосудството како и измените во Законот за судови.

На оваа средба како учесник и партнер во проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘ имаше и претседателот на Здружението на судската администрација, која е во фокус на овој проект, каде соопшти дека посебна работна група работи на измените на законот за судската служба, судскиот деловник, како и на правилниците за унапредување на судските службеници во иднина.

Се дискутираше околу Законот за парничната постапка, Законот за вештачење, а беа изложени и актуелните случувања со Законот за правда за децата.

Околу законот за пробација, од Здружението за кривично право и криминологија истакнаа дека законот треба да се усогласи со европското законодавство во догледно време.

На крај на оваа петта средба истакнати беа истакнати состојбите во законот за плати на судиите како и Законот за прекршоците кој имаше измени во октомври 2020 година и јануари 2021 година.

Следат уште две средби на Советодавната работна група кои ќе го заокружат процесот за подготовка на документ кој ќе послужи за изготвување на Документ за политики на крај на овој проект.

Gorica Nadjinska
Share
This