Плакета по повод 25 години од основањето на Здружение на јавни обвинители на Република Северна Македонија

По повод 25 години од основањето на Здружението на јавни обвинители во Република Северна Македонија, Центарот за правни истражувања и анализи доби плакета за долгогодишна успешна соработка и поддршка. Во изминатиот период ни беше чест и задоволство да соработуваме со  Здружението на јавни обвинители во Република Северна Македонија и во оваа прилика би сакале да им го честитаме јубилејот 25 години постоење и успешна работа.

Ana
Share
This