Анализа за потреба од обуки и Курикулум за обука за заштита на лични податоци и правото на приватност во онлајн просторот

Со цел зајакнување на капацитетите на судството и јавното обвинителство во ефикасна заштита на приватноста на граѓаните, како и другите права и основни слободи засегнати од новите технологии во дигиталниот простор во согласност со правото и стандардите на ЕУ, беше изработена Анализа на потреби од обуки вклучително и Акционен план за обуки за судството и јавното обвинителство.
Врз основа на Анализата беше изработен и Курикулум за обука за заштита на лични податоци и правото на приватност во онлајн просторот, кој во фокус ги става програмите за обука за сегашните и идните генерации на судии и јавни обвинители. Целна група на обуките се слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители како и судии од Врховен суд, апелациски и основни судови, обвинители од основните и виши јавни обвинителства и претставници од Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика. Вклучена е и програма за обука на обучувачи за да обучи идни предавачи кои се очекува на оваа тема, континуирано да обучуваат судии и јавни обвинители.


Продуктите беа изработени во рамки на проектот „Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн-просторот“, финансиран од Европската унија а имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници.

Ana
Share
This