Потпишани меморандуми за соработка во рамките на проектот ,,Добро владеење во животната средина за Зелена агенда за Западен Балкан”

Во рамките на проектот „Добро владеење во животната средина за Зелена агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, беа потпишани неколку меморандуми за соработка со релевантни институции.

Целта на овие меморандуми е да се обезбеди успешна имплементација на проектот преку заедничка работа, размена на знаења и искуства, како и креирање ефективни решенија за заштита на животната средина.

Меморандумите беа потпишани со:

  • Здружението на судии на Република Северна Македонија,
  • Академијата за судии и јавни обвинители,
  • Државниот инспекторат за животна средина.

Ова партнерство претставува важен чекор кон унапредување на доброто владеење во животната средина и исполнување на целите на Зелената агенда за Западен Балкан.

Со заеднички напори, ќе се стремиме кон подобра заштита на природните ресурси и одржлив развој на регионот.

Ana
Share
This