Прва официјална средба на работната група за развивање на методологија за имплементација на Матрицата на индикатори за правосудство

Одржана прва официјална средба на работната група за Матрицата на индикатори за правосудството.

Во рамките на Компонентата Воспоставување и имплементација на Матрицата на индикатори за правосудството, како дел од програмата „Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија„, на 12 октомври во Хотелот Солун се одржа првата официјална средба на работната група која ќе работи на развојот на методологијата за имплементирање на матрица на индикатори за правосудството. 
Работната група е составена од 1 Меѓународен и 6 Национални експерти.
За меѓународен експерт, ЦПИА го ангажираше г-дин Адис Хоџиќ од Босна и Херцеговина.  Хоџиќ е виш советник на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина, а специјализирал во областа на статистика и истражување на Универзитетот Харвард во САД.
Како национален виш правен експерт е ангажиран македонскиот судија во Европскиот суд за човекови права, судија Мирјана Лазарова Трајковска. Останиот тим од правни експерти е составен од Лидија Стојкова Зафировска, Жарко Алексов и Александар Гоџо. За експерт во областа на методологија, ЦПИА го ангажираше Марко Трошановски, а експерт во областа економијата и статистиката е професор Катерина Шапкова.
На средбата во својство на надворешени експерти присуствуваа и Никола Прокопенко и Славица Жерајиќ кои беа назначени од Министерот за правда на Република Македонија како претставници од Министерството за правда.
Пред работната група беше претставена временската рамка и следните чекори на работната група за финализирање на матрицата за индикатори. 

Програмата е финансирана од Британската амбасада Скопје. 

Gorica Nadjinska
Share
This