На ден 29ти март 2022 година Центарот за правни истражувања и анализи ја организираше Регионалната конференција: Уставните судови- чувари на животната средина. Конференцијата беше организирана во рамки на „Проектот за добро управување со животната средина“ подржан од Британската амбасада Скопје.
На конференцијата свој збор имаа пензионираниот професор по Уставно право г-дин Шкариќ, министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Нуредини, претседателката на Уставниот суд судија Кацарска, амбасадорката на Велика Британија во СКопје, Н.Е. Рејчел Галовеј, претседателот на Уставниот суд на Босна и Херцеговина судија Тадич, претседателот на Уставниот суд на Словенија судија Ацето, претседателката на Уставниот суд на Бугарија судија Панова, судијка од Уставниот суд на Албанија судија Бјејтја и програмскиот менаџер во ЦПИА, Никола Јовановски И дадоа свој осврт на можностите за зголемување на улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на животната средина. Конференцијата беше модерирана од акад. Владо Камбовски.
Претседателката на Уставниот суд на РСМ, судија Добрила Кацарска во оваа прилика ги нагласи двете улоги кои ги има Уставниот суд на РСМ: 1. толкувач на уставните норми преку што се определува нивната содржина 2. конкретна примена на уставните норми при остварувањето на надлежностите на Судот, особено во делот на заштитата на уставните слободи и права во двата нејзини облици. Судијата Кацарска на крајот потенцираше „дека заштитата на животната средина е еден од врвните приоритети на секое модерно општество. Тоа има за цел да овозможи опстојување и работа на поединците во здрави услови за живеење и развиток на идните генерации. Поради тоа, општествата во своите највисоки правни акти – уставите, ја прокламираат како вредност која преку правниот поредок треба да се гарантира, штити, но и санкционира доколку се постапува спротивно на пропишаното. Истовремено, тоа се утврдува и како право на секој поединец, но и негова обврска да се штити“.
Во своето излагање министерот Нуредени порача иако нашата држава го има препознаено правото на здрава животна средина во Уставот потребно е сите актери, меѓу кои и судовите, да учествуваат со свој придонес ако сакаме да ја зачуваме животната средина.
Амбасадорката на Велика Британија во РСМ, Н.Е. Рејчел Галовеј во своето воведно обраќање порача дека е потрено да го промениме начинот на однесување како нација со цел да се справиме со еколошките предизвици….„ние во Велика Британија сè уште учиме како да ги подобриме нашите закони и веруваме дека луѓето ќе го променат својот начин на однесување. Ние ги гледаме законите како обезбедувачи на рамка, а правосудниот систем треба да ги воспостави стандардите за што е добро и што е лошо и да се гради пракса преку која ќе се обезбеди заштита на природната околина за идните генерации. Ова се основни животни права и правосудството треба да ги штити.“
Во вториот дел претседателите на четири уставни суда од регионот ги презентираа нивните искуства и ставови во однос на заштитата на животната средина. Со нивните презентации не запознаа како правото на здрава животна средина е регулирано во нивните Устави алаките за заштита и унапредување на истата. Дополнително на кртко беа презентирани и позначајни судски предмети со добри практики за надминување на предизвиците во заштитата на животната средина.
На крајот од оваа конференција сите од присутните се согласија и порачаа дека потребна е заедичка заложба за обезбедување на услови за здрава животна средина бидејќи проблемот на деградација ан природата е глобален а не локален проблем.