Со третата обука заврши првата фаза од напредната програма за еколошка правда

Центарот за правни истражувања и анализи, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, на 24.12.2025 година ја одржа последната обука од трите предвидени напредни обуки за спроведување на еколошка правда, во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан“, поддржан од Европската Унија.

На обуката присуствуваа судии, јавни обвинители и претставници од стручната служба со цел унапредување на нивните знаења и практични вештини во областа на животната средина и правосудството.

Програмата на обуката беше идентична со веќе реализираните обуки и ги опфати следните теми:

  • Меѓународна и национална правна регулатива за заштита на животната средина, каде што Доц.д-р Елена Мујоска Трпевска даде преглед на релевантните закони, конвенции и политики кои ја уредуваат оваа област, со посебен фокус на хармонизацијата на домашното законодавство со законодавството на Европската Унија.
  • Криминалистички истраги за сузбивање на еколошкиот криминал, тема што ја презентираше мр. Јанко Стојановски, која ги објасни методите и техниките за ефикасно истражување и откривање на еколошки прекршувања и криминални дејствија.

  • Анализа на судската практика и казнената политика во областа на еколошкиот криминал, при што адвокатот Жарко Хаџи Зафиров ги презентираше актуелните предизвици, судски решенија и препораки за унапредување на казнената политика.

Обуката заврши со интерактивна дискусија за прашања и дилеми од практиката, која овозможи размена на искуства и поттикнување на соработка меѓу сите релевантни институции.

Во текот на 2026 година, сите учесници од првата фаза ќе бидат поканети да учествуваат и во втората фаза од напредните обуки, со цел комплетирање на предвидената програма и понатамошно продлабочување на нивните знаења и практични капацитети во областа на еколошката правда.

Обуката беше одржана во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија.

Ana
Share
This