СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ

На 13 декември, 2024 година, Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, спроведоа обука за заштита на лични податоци и право на приватност за претставници од судството, јавното обвинителство и Министерство за внатрешни работи.

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на судиите, јавните обвинители како и офицерите за заштита на лични податоци во рамки на правосудство и Министерство за внатрешни работи за ефикасно справување со предизвиците поврзани со заштитата на лични податоци и правото на приватност, особено при примена на Законот за заштита на личните податоци.

Во рамки на обуката беа опфатени следните теми:

  • Правна рамка за заштита на лични податоци;
  • Обврски на судовите и јавните обвинителства;
  • Обврски на офицерите за заштита на лични податоци;
  • Видео надзор;
  • Безбедност на обработката на личните податоци.

Обуката беше испорачана од експертите за заштита на лични податоци, Игор Кузевски и Мануела Станоевска – Стоилковска, при што вкупниот број на учесници изнесуваше 51 лице.

Обуката е дел од проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од Европската Унија, a имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници.

Ana
Share
This