
„Шеснаесетте дена активизам против родово базирано насилство е потсетник дека жените и девојчињата се уште се изложени на насилство и вознемирување токму поради нивниот род. Нееднаквостите на сите нивоа, социјални, економски, дигитални и општествени ги прави жените поранливи и повеќе изложени на насилство од мажите“.
„Сличното се пресликува и во правосудство. Студијата која ЦПИА ја спроведе неодамна, за родовите нееднаквости во правосудство го покажа истото. Дојдовме до заклучоци дека жените се уште искусуваат родово базирана дискриминација, повеќе се изложени на закани и вознемирување од своите колеги мажи“.
„Сето горе кажано создава клима на несигурност. За да го искорениме насилството врз жени и девојчиња, сите заеднички, и преку системски промени треба да се бориме против овој негативен феномен“.
Татјана Стојменовска, Центар за правни истражувања и анализи за кампањата 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња
Видеото може да го погледнете тука: